ЖРК Металург загуби во Куманово и ја испушти првата меч-топка за титулата! 

Ракометарките на Металург ја испуштија првата меч-топка за шампионската титула во Женската лига, затоа што не успеаја да го победат директниот конкурент за трофејот, екипата на Куманово. 

Ракометарките на Куманово со 25-23 го совладаа големиот ривал и повторно се искачија на врвот на табелата, но за разлика од Металург ја завршија оваа сезона и немаат повеќе натпревари. 

Двете екипи собраа по 34 бода, а тимот од Автокоманда има еден меч помалку и доколку на истиот стигне најмалку до бод, ќе го симне од тронот ЖРК Вардар и по пауза од седум години пак ќе биде шампион на Македонија

Во последниот натпревар, кој на програмата е следниот викенд, ЖРК Металург е голем фаворит во дуелот со Стружанка.