• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Металург забележа нова победа во женската ракометна Суперлига, со гостински триумф (23-29) кај ЖРК Деспина.
Домаќинот во Прилеп имаше сила само за едно полувреме, затоа што триесет минути му парираше на ривалот. На паузата резултатот гласеше 11-13 за гостинот од Скопје, а потоа почна сигурната игра на тимот од Автокоманда.
Првиот удар на мечот Металург го зададе на стартот на вториот дел, со два гола во низа на Божиновска и Гулицоска (11-15), а патот кон победата го истрасира со нови два гола во низа, кога од 20-25 дојде на 20-27.
Најдобра кај стрелците беше Божиновска со шест гола, пред Тасевска со четири, додека кај домаќините Камчевска имаше седум, а сСедлоска даде пет гола.