ЖРК Металург убедлив во Гевгелија, лесни победи и за ЖРК Чаир и Деспина

Во 12. коло на Женската лига, тимот на ЖРК Металург славеше во Гевгелија, на гостувањето кај истоимената екипа со 19-30. ЖРК Металург беше подобриот тим на оваа средба и ја оправда фаворитската улога што ја имавме и пред почетокот на натпреварот.

Сепак, во првото полувреме, иако скопјанки имаа постојана предност, Гевгелија се закануваше и на одмор се замина со 10-14. Сето тоа се смени во вториот дел во кој целосно доминираше гостинскиот тим и дојде до конечните +11. Во победничкиот состав се истакна Петковска со осум постигнати гола, исто колку и Митревска во редовите на Гевгелија.

Ракометарките на ЖРК Чаир не дозволија изненадување и остварија сигурна победа против екипата на Овче Поле СУ со 36-28. Деспина од Прилеп убедливо славеѓе на гостувањето кај Ѓорче Петров со 14-32.