ЖРК Металург тргнува од Автокоманда, па од Пехчево се сели во Србија 

Македонскиот женски ракометен шампион, Металург, своите подготовки за предизвиците во новата сезона ќе ги започне на 14 август, за кога е закажан првиот собир во Автокоманда. 

Шампионките само неколку дена ќе тренираат во својот дом, бидејќи од 18 до 24 август формата ќе ја билдаат во Пехчево. По завршувањето на подготовките, Металург се сели во Србија, каде ќе одигра два натпревари со тимот на Јагодина, а можни се и дополнителни средби со екипи на нашиот северен сосед.

ЖРК Металург сезонава ќе се натпреварува во домашните натпреварувања и во ЕХФ Купот, каде ќе почне од првото коло. Ждрепката за првото коло ќе се влече на 16 јули, а самото коло ќе се игра на 7/8 и на 14/15 септември.