• Иван Димовски

Ракометниот колектив на Металург објави потпис со уште две млади ракометарки за следната сезона. Нови членови на тимот од Автокоманда се Стефани Ристиќ и Ивана Димоска.
Димоска настапува на позицијата кружен напаѓач и доаѓа од редовите на шампионот ЖРК Ѓорче Петров.
Од друга страна, Стефани Ристиќ е среден бек и во Металург пристигнува од редовите на Скопје.
Досега во Автокоманда пристигнаа Александра Коловска која се врати по меѓународен предизвик, Анастасија Величковска од Вардар Илинден, близначките Борјана и Бојана Коцеви од Вардар, како и голманката Софи Гошевска од Ѓорче Петров.