ЖРК Металург Автокоманда потпиша нови договори со две млади ракометарки

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда засега е најактивен на трансфер пазарот и промовираше доста нови имиња. 

Најновите активности кај тимот во Автокоманда се поврзани со продолжување на договори. Потпис на продолжени соработки ставија крилата Јана Ѓошевска и Мина Ѓурчевска. 

Ѓошевска беше дел од Металург цела претходна сезона, имаше одлични настапи и си доби продолжување на договорт. Од друга страна, десното крило Ѓурчевска е дел од клубот една полусезона, ама за тоа време ја убеди управата да ја задржи.

Металург за новата сезона веќе ги промовира Ана Марија Коларовска, Петра Јершек, Анастасија Николовска, Ива Божиновска и Сара Ристовска. Нови договори претходно потпишаа Марија Гугуљанова, Марија Јанкуловска и Софија Гошевска.