• Горан Упале

Ракометарките нс ЖРК Металург, денес нема да излезат на терен на натпреварот против Чаир, кој се игра во рамки од седмото коло во плеј-офот од Женската лига.
Причината за тоа се неизвршените обврски на раководството на клубот кон ракометарките и стручниот штаб, поточно доцнењето на повеќе плати.
ЖРК Металург уште од поодамна беше надвор од трката за титулата во домашниот шампионат, но сè уште е со шанси за излез во Европа. Но, најверојатно ќе пропадне и таа опција. Натпреварот меѓу ЖРК Металург и ЖРК Чаир требаше да се одигра денес, со почеток од 12:30 часот.
Ракометарките на ЖРК Металург следниот викенд треба да ја започнат финалната битка за одбрана на Куп-титулата, но засега сè уште не се знае дали тимот ќе отпатува за Охрид. Во полуфиналето поранешниот шампион треба да се соочи со ЖРК Куманово.