ЖРК Металург против полски тим, Куманово на мегдан со Славија Прага во ЕХФ Купот

Македонските противници во ЕХФ Купот во женска конкуренција, ЖРК Металург и Куманово од првиот филтер на ова натпреварување ќе ги започнат своите европски настапи во следната сезона. 

На денешната ждрепка во Виена, шампионот и вицешампионот на Македонија ги дознаа своите противници во првото коло. ЖРК Металург ќе се судри со тимот на Заглебие Лубин од Полска, додека на Куманово му закажаа дуел чешка Славија Прага.

Првите натпревари се играат на 7 или 8 септември, додека реваншите се закажани за по една седмица. Двата македонски претставници ќе бидат домаќини во првите натпревари,

Впечаток е дека и Куманово и ЖРК Металург добија силни ривали, иако не толку атрактивни по ракометарките и клупската историја.