• Мартин Танасковски
Екипата на ЖРК Металург активно се подготвува за новата сезона во домашниот шампионат и донесе ново име на крилните позиции со кои се затвори левата крилна позиција.
Нов член на тимот од Автокоманда е Јана Ѓошевска. Се работи за ракометарка родена во 2003 година која минатата сезона ја мина во редовите на ЖРК Куманово. Македонката е производ на школата на ЖРК Металург, па се враќа во позната средина.
Јана Ѓошевска со двата тима имаше настапи во Европскиот куп на ЕХФ.