ЖРК Металург го освои Чаир и се зацврсти на врвот на Женската лига

Во дерби натпревар од деветтото коло на Женската лига, првакот ЖРК Металург ја совлада екипата на ЖРК Чаир на гостински терен со 25-30 (12-12).

Првото полувреме мина во израмнета борба, во која првите минути им припаднаа на домашните ракометарки, а остатокот на ракометарките на ЖРК Металург. Во вториот дел дојде до израз квалитетот на шампионките, кои стартуваа со серија од 6-0, а малку подоцна имаа и максимална предност од осум голови 16-24).

Оваа предност стана недостижна за домашната екипа, која до крајот на средбата успеа само малку да ја намали негативата, за конечни 25-30.

Ова е деветта едноподруго победа на ракометарките на ЖРК Металург во тековното првенство со што го држи врвот на првенствената табела.