• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Металург Автокоманда се засили со уште едно ново име, овој пат на позицијата кружен напаѓач.
Нова ракометарка на клубот е Сара Цветановска. Се работи за 22-годишен пивот кој доаѓа од тимот на ЖРК Куманово. Девојката настапуваше меѓу кумановчанки од 2017 година и за неа ова ќе биде прва нова средина.
Стефановска има искуство во Европскиот Куп на ЕХФ со клубот, па се очекува да биде важен дел од тимот на Металург за европските предизвици кои следат.