• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Куманово го имаше првиот натпревар во домашниот шампионат и забележа победа над ЖРК Пелистер (29-26) пред домашната публика во салата „Перо Наков“.
Кумановчанки имаа фуриозен старт и така си создадоа залиха која им беше во корист за време на целата средба. Отворањето со серија од 10-1 го направи своето. Пелистер даде само еден гол во дваесет минути и тоа го чинеше скапо.
На полувремето, ЖРК Куманово имаше предност од 15-8, а во вториот дел битолчанки иако дојдоа на минус три (25-22), не беа закана за ривалот. Најдобар стрелец кај ЖРК Куманово беше Мила Трајковиќ со седум гола, пред Сузана Зечевиќ со шест гола. Вреди да се напомене дека таа предвдеме го заврши мечот заради три исклучувања.
Кај ЖРК Пелистер се истакнаа Наталија Дишковска и Моника Босиловска, двете имаа по шест реализации, додека Јована Конева погоди пет пати во мрежата на противникот.