• Мартин Танасковски
Ракометарките на Куманово успеаја да слават со 32-31 против шампионот на Литванија, Каскада Гарлијава, но оваа победа нема да има натамошно значење бидејќи гостинките имаа капитална предност од седум голови од првиот натпревар и со тоа обезбедија пласман во следната рунда од Европскиот Куп на ЕХФ.
И покрај големата желба и борбеност на домашниот состав, поразот во Литванија се покажа како непремостлива пречка. Најголема хероина на Куманово беше голманката Горговска, која во завршницата со серија на одбрани ја врати својата екипа во игра, а на крајот го запре и последниот обид на Каскада, со што обезбеди победнички крај за македонскиот претставник.
Прво име кај стрелците кај Куманово беше Мителштад со 11 гола, ја следеше Силва Азеведо со десет гола, а Росана Павлова погоди три пати. Кај Каскада, Устилаите погоди вкупно единаесет пати.
Македонија во ова натпреварување ќе продолжи со шампионот Ѓорче Петров, а исто така понатаму се очекува да оди и тимот на Металург Автокоманда кој чека реванш со Диферданж во Скопје, меѓутоа првиот дуел го доби со 15 гола разлика.


