• Иван Димовски

Женскиот ракометен клуб Куманово промовира уште едно, четврто засилување, а второ меѓу стативите.
Откако вчера беше промовирана Ана Марија Горговска, денес клубот се пофали со Симона Грујовска. Станува збор за голманка која е повратник во редовите на кумановци, откако минатата сезона ја мина во Металург Автокоманда. Грујовска пристигна и заедно со Горговска и Јасна Трајковиќ ќе биде дел од голманското трио.
Досега Куманово освен со двете голманки, се засили со две интернационалки. Претходно во клубот пристигнаа Марија Азеведо Силва и Аманда Стеин.
Исто така, клубот ги задржа носителите на играта од минатата сезона, надополнувајќи го тимот со новите имиња.
