ЖРК Куманово потпиша договор со репрезентативката Гичевска

Куп-победникот од минатата сезона ЖРК Куманово денес го официјализира новото засилување.

Се работи за младата Леонида Гичевска која доаѓа од редовите на ЖРК Металург. Има 21 година, настапува на левата и средната бековска позиција и исто така е дел од македонската репрезентација. 21-годишната ракометарка зад себе остави фантастична сезона. Во истата беше најдобар стрелец на тимот од Автокоманда, што е дополнително задоволство за кумановчани.

Гичевска е петто засилување на тимот во пресрет на новата сезона. Претходно во екипата пристигнаа Ангела Јанкуловска, Катарина Косановиќ, Медеа Чокели и Наталија Пецанова. За претстојната сезона Куманово доби и нов предводник, селекторот на сениорската репрезентација Симе Симoвски.

Македонскиот вицешампион ќе ја претставува државата во ЕХФ Купот и во септември ќе одигра двомеч со Славија Прага.