ЖРК Куманово и Славија Прага се договорија: Двата европски натпревари во Македонија

Македонскиот вицешампион и победникот на националниот Куп, ЖРК Куманово се договори со чешкиот претставник Славија од Прага двата натпревари од второт коло на ЕХФ Купот да се играа во нашата земја, веројатно на 14 и 15 септември. 

Чесите се согласија на барањата на ЖРК Куманово. кој втора година по ред ќе биде домаќин на двата натпревари од евро-натпреварувањата. Минатата сезона ЖРК Куманово загуби од холандскиот Геониус со 39-15 во првиот и со 31-21 во вториот натпревар од третото коло на Челинџ Купот. 

Ако ја елиминира Славија Прага, тимот од Куманово во третото коло на ЕХФ Купот ќе се сретне со Одензе од Данска.

За потребите на новата сезона ЖРК Куманово и новиот тренер Симе Симовски значително се засилија, а најавуваат дека ќе доведат уште неколку квалитетни имиња.