ЖРК Куманово го засили стручниот штаб, Божиновски нов тренер на голманите

Женскиот ракометен клуб Куманово уште еднаш ги потврдува своите високи амбиции за новата натпреварувачка сезона и во својот тим доведе квалитетно засилување. 

Раководството на клубот продолжува да работи на составување на квалитетна екипа и тоа не само во играчкиот кадар, туку и во тренерскиот. Најново засилување за клубот е Сашо Божиновски кој ќе има задача да го подигне нивото на голманите, а воедно со своето искуство ќе му помогне на тренерот Ненад Краљевски да ја подготви екипата за предизвиците во претстојната сезона.

„Сашо Божиновски е дипломиран тренер на Факултетот за физичка култура. Од 10 годишна возраст почнува да се занимава со ракометот токму како голман. По завршување на факултетот продолжува како тренер на голмани во ЖРК Куманово и во младите категории. Во 2013 заминува во Африка како тренер на голмани во Габонската репрезентација (кадети, јуниори,сениори и кај мажи и кај жени). Со Габон зема учество на неколку африкански натпреварувања, меѓу кои и Афричкиот куп на репрезентации.По враќањето од Габон продолжува со МРК Куманово по што продолжува со нашиот клуб.

На Сашо му посакуваме многу успех во работата и многу признанија и трофеи“, велат од редовите на Куманово. 

Новата сезона во македонскиот ракомет се очекува да започне на 19 септември. Досега ЖРК Куманово се засили со Кета Венетски.