ЖРК Куманово го декласира Вардар и најави успешна сезона

ЖРК Куманово и втор пат го совлада колективот на Вардар, овојпат со убедливи десет разлика со 36-26 (17-13) во подготвителниот период за новата сезона во женската Суперлига. Кумановки подобро отворија и имаа воведна предност, која подоцна ја задржаа и материјализираа за славје.

Екипата која беше на врвот минатата сезона, а важи за фаворит и оваа, вторпат во низа го победи тимот од СЦ „Јане Сандански“, откако пред четири дена славеа со 25-21. 

Следниот тест за Куманово ќе биде в сабота кога од 18:30 часот ќе ја дочекаат екипата на ЖРК Чаир на свој терен.