ЖРК Куманово ги продолжи договорите со Николовска и Ивановска

Екипата на ЖРК Куманово по елиминацијата во Европскиот куп на ЕХФ, се насочува кон настапите на домашната сцена, каде што се цели кон враќање на шампионскиот трофеј во овој град. 

За веќе започнатата сезона, клубот од Куманово обезбеди продолжување на договори на две ракометарки. Ива Николовска која ја надмина повредата, парафира соработка на уште две сезони со оваа екипа. 

Покрај Николовска, Куманово успеа да добие потпис и од Тамара Ивановска. Десниот бек потекнува од клупските структури, па и во иднина ќе го носи тресот на Куманово.