• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров ги заврши настапите во Европската лига на ЕХФ со елиминација од шведскиот Хоорс 65.
Шведскиот тим дома пред седум дена славеше со 29-21, а македонскиот тим на домашен терен го доби дуелот со 26-19. Изиграа „лавиците“ многу подобро, но останаа за еден гол пократки во квалификациската рунда.
Ивана Дежиќ имаше десет гола кај победникот, пред Есма Муратовиќ со осум гола, додека кај шведскиот тим кој беше без најдобриот стрелец Јохана Остблом имаше пет реализации.
Со елиминацијата на ЖРК Ѓорче Петров, македонскиот женски ракомет остана само со ЖРК Чаир како претставник во европските клупски натпреварувања.