• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров со голема победа над Металург Автокоманда (35-27) го затвори петтото коло од плеј-офот во женскиот ракометен шампионат на Македонија.
Избраничките на Симе Симовски до победата дојдоа со едно блескаво полувреме. Во првиот дел доста се мачеа, на паузата имаа негатива од два гола (13-15), но следеше феноменална игра во вториот дел и многу подобрена игра во нападот која донесе дури 22 гола.
Најдобар стрелец кај победникот беше Ивана Дежиќ со девет гола, пред Есма Муратовиќ со седум реализации, додека кај ЖРК Металург Автокоманда, двоцифрена беше Марија Јанкуловска која постигна десет гола.
ЖРК Ѓорче Петров со пет победи на пет меча е пред ЖРК Чаир кој колово победи со ЖРК Вардар (35-33). Победа забележа и ЖРК Куманово во мечот со ЖРК Астибо од Штип (30-22).