ЖРК Ѓорче Петров победи со 42 гола разлика на првиот домашен меч

Македонскиот ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров со убедлива победа над ЖРК Шампион (56-14) тргна во новата сезона во мак-ракометот.

„Лавиците“ очекувано запишаа убедлива победа над помладиот ривал, а дека Шампион го очекува таков епилог беше јасно уште на почетокот кога фаворитот замина на 15-2. На полувремето ЖРК Ѓорче Петров имаше 29-6.

Најдобар стрелец кај победникот беше Емилијана Ризоска со 13 гола, пред Анамарија Коларовска со 11 гола, а двоцифрен ефект имаше и Ева Божиновска со десет гола. Кај Шампион, Филипова и Ристевска погодија по четири пати.

Во следната рунда на женската Суперлига, ѓорчепетровки играат со Деспина, а Шампион оди на мегдан со Спартак.