• Иван Димовски
Женскиот ракометен колектив Ѓорче Петров се жалат за финишот на мечот против ЖРК Металург, кој заврши нерешено (25-25). Сепак, спорен е последниот погодок на гостинките во Ѓорче Петров за реми.
Откако ѓорчепетровки дадоа гол за 25-24, противничките изведоа брз центар, а крилото Гугуљанова прерано ја помина половината. И покрај тоа, таа доби топка и реализира за израмнување, а иако судиите ја разгледуваа ситуацијата, не го корегираа резултатот.
Од таборот на шампионот испратија соопштение, со видео материјал и докази за финишот на натпреварот. Тие се жалат за промената на судиите на 24 часа пред мечот.
- Соопштението на ЖРК Ѓорче Петров и видео материјалот од дуелот со Металург: