ЖРК Ѓорче Петров не е носител пред ждрепката за осминафиналето на Еврокупот

Нашиот претставник во Еврокупот на ЕХФ, екипата на ЖРК Ѓорче Петров, утре ќе го дознае својот противник за осминафиналниот двомеч кој ќе се одигра во јануари следната година. 

Македонскиот тим не е носител и е сместен во вториот шешир и ќе има сериозни можни противници во следната фаза, а меѓу нив се Елче, Гранољерс и Гран Канарија од Шпанија, португалска Бенфика и хрватскиот тим, Бјеловар

Носители: 
Бјеловар - Хрватска
Хазена Кунцварт - Чешка
Елче - Шпанија
Гранољерс - Шпанија
Гран Канарија - Шпанија
Бенфика - Португалија
Михаловце - Словачка
Јаликаваспор - Турција

Неносители:
Пилеа Солун - Грција
Салерно - Италија
Ериче - Италија
Ѓорче Петров - Македонија
Венло - Холандија
Мадеира - Португалија
Ајдовчина - Словенија
Јенимале - Турција

Ждрепката ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот во Виена. Првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот Куп ќе се игра на 13/14 јануари 2024 година, додека реваншот е една недела подоцна.