• Иван Димовски

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров се радуваа на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ кај ЖРК Вардар со 23-25 (13-9) и се вмешаа во трката за титулата во женската Суперлига.
Девојките кои од клупата ги предводи Симе Симовски успеаја со сериозен пресврт и во отсуство на Ангела Јанкуловска да го средат директниот ривал за врвот. Иако вардарки добро тргнаа во првиот дел, имаа и +6 гола разлика и на пауза заминаа со водство од 13-9, во вториот дел паднаа. Гостинките во Аеродром со добра игра стигнаа до пресврт и освоија важни бодови.
- Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Вардар и ЖРК Ѓорче:
На теренот ѓорчепетровки ги предводеше Ана Марија Коларовска која даде седум погодоци, додека во таборот на Вардар шест постигна Ивона Трпевска.
Денес се одиграа и две средби од плеј-аут сегментот на Суперлигата. ЖРК Феникс АМС на свој паркет славеше против ЖРК Спартак (32-29), додека Астибо победи на гости кај Кузман Вардар (24-31).