ЖРК Ѓорче Петров „изброја“ до 66 за рекордна суперлигашка победа!

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров до врв ја наполнија мрежата на Шампион, совладувајќи го ривалот со 66-11 (34-5) во салата „Христо Батанџиев“ во Скопје. 

  • Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Деспина:

Ова беше рекордна победа досега во оваа суперлигашка сезона, со најмногу постигнати погодоци од страна на една екипа. Во некомплетни шест кола досега неколкупати имаше високи победи, а претходно до 58 „броеја“ и Ѓорче Петров и Вардар. 

Што се однесува до мечот со Шампион, фаворитот одигра рутински, ги надигра десеткуваните ривалки и уште во првиот дел водеше со убедливи 29 разлика. Каде што застанаа во првиот, таму „лавиците“ продолжија и во вториот дел. Предноста растеше и растеше за финални +55. 

Најефикасна на мечот беше Кадиатоу Санхон со 14 реализации, додека по десет дадоа Емилиијана Ризоска и Ана Марија Коларовска, а кај Шампион шест пати погоди Марија Бојковска.