ЖРК Ѓорче Петров го доби шампионскиот пехар и ја потврди доминацијата во женскиот ракомет

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров и официјално го примија шампионскиот трофеј за сезоната 2023/24 како најуспешна екипа во Женската лига. 

Титулата беше освоена уште во претпоследното коло по мечот со ЖРК Чаир, но трофејот им беше врачен веднаш по одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, каде ѓорчепетровки славеа над Астибо и само го потврдија освојувањето на дуплата круна. 

„Лавиците“ ја одбранија шампионската титула освоена минатата сезона и успеаја повторно да се искачат на врвот во македонскиот ракомет, а за успехот се заслужни сите ракометарки, како и стручниот штаб на чело со тренерот Симе Симовски. 

ЖРК Ѓорче Петров ќе ја претставува Македонија во евро-куповите следната сезона.