ЖРК Ѓорче Петров ги претстави сестрите Борјана и Бојана Коцеви

Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров објави дека постигнал договор со две ракометарки кои се претставени како нови засилувања за следната сезона. 

Во тимот пристигнаа сестрите Борјана и Бојана Коцеви, репрезентативки на Македонија, кои досега настапуваа за екипата на Металург од Автокоманда. 

Бојана Коцева игра како среден бек, додека нејзината сестра Борјана ги покрива сите три бековски позции. Од клубот им посакаа добредојде, со надеж за успешни резултати.