• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров си ја заврши задачата и во новиот дуел од плеј-офот во женската ракометна лига, совладувајќи го штипски ЖРК Астибо со резултат 39-18 (22-12).
Разликата во квалитет беше очигледна и фаворитот не виде никакви проблеми на патот кон посакуваниот успех. За ЖРК Ѓорче Петров ова беше седма победа на седмиот натпревар и е единствениот максимален тим во шампионатот.
Најдобар стрелец кај ЖРК Ѓорче Петров кој е актуелен првак и чекори кон рекордната 21. круна на домашната сцена беше Ризоска со шест постигнати гола, додека кај ЖРК Астибо, повторно прва беше Анчева со 13 постигнати гола.
Плеј-офот во женскиот ракометен шампионат продолжува во средината на март, по репрезентативната пауза.