ЖРК Чаир во атак на титула? Носи супер-засилувања и патува во Чешка

Екипата на ЖРК Чаир почна да ги промовира плановите за следната сезона и се соопшти дека екипата заминува на силни подготовки, на турнир во градот Ходонин во Чешка.

Се работи за настан на кој ќе играат квалитетни ривали од Унгарија, Словенија и Чешка. Таму ќе се одработи главната фаза на подготовки и ракометарките ќе работат 11 дена, во еден од спортските центри во земјата кои нудат одлични услови за работа.

Првите две контролни средби ЖРК Чаир ќе ги одигра со ривали кои се потенцијални ривали во европското издание во рамки на ЕХФ Купот. Потоа, чаирчанки ќе настапат на турнирот во Ходонин.

Истовремено, од ЖРК Чаир откриваат дека за следната сезона тимот ќе има супер-засилувања, со што потајно се најавува атак на титулата која во моментов е во сопственост на ЖРК Ѓорче Петров.