• Зоран Мишевски
Македонскиот женски ракомет остана со само еден претставник во евро-куповите. Елиминацијата на ЖРК Ѓорче Петров за само еден гол беше болна за нашиот шампион, но „образот го обели“ ЖРК Чаир.
Чаирчанки се пласираа во третото коло на Европскиот Куп откако вечерва ја совладаа екипата на Керженг, сега поубедливо отколку на првиот натпревар минатата недела. Откако во гости славеа со 26-28, ракометарките на ЖРК Чаир пред своите гледачи триумфираа до 32-26.
Гулицоска со осум гола беше најефикасни во македонскиот тим, а Митровиќ и Којовиќ заедно одбранија петнаесет топки.
ЖРК Чаир во вторник претпладне ќе го дознае ривалот за третото коло.