ЖРК Чаир се засили со бек од Бразил

Женскиот ракометен клуб ЖРК Чаир донесе големо засилување на бековската позиција, откако во Македонија ќе пристигне Исабела Де Хесус Клементе Фереира од Бразил. 

26-годишната Фереира во Чаир доаѓа од тимот од Алавериум од Португалија. Бразилката е веќе етаблирана ракометарка во португалскиот шампионат и ќе биде големо засилување за македонскиот тим. Во својата кариера Фереира уште има настапувано за Сорокаба од Бразил и Сао Педро од Португалија.

Претходно, ЖРК Чаир се засили и со голманката Ема Кирова и  Мила Трајковиќ, со што клубот продолжува активно да се подготвува за новата сезона.