ЖРК Чаир се поднови со бек од Тунис

Екипата на ЖРК Чаир продолжи да се екипира и во своите редови ја донесе туниската ракометарка Техани Амар.

Aмар игра на позицијата лев и среден бек, a во македонскиот суперлигаш доаѓа од италијанскиот шампионат, каде што го имаше првото интернационално искуство.

Тунижанката е четвртото странско засилување за тимот на Басри Љатифи, по Сабрина Фиоре и Никол Орабалис од Парагвај, односно Изабела Фереира од Бразил.