ЖРК Чаир промовира две засилувања, потпишаа Коловска и Ван Акере

Ракометниот клуб Чаир промовира две нови имиња за втората полусезона во женската Суперлига. 

Во редовите на скопскиот тим пристигна македонската репрезентативка Александра Коловска. Таа доаѓа од редовите на Металург Автокоманда, клуб кој неочекувано ги загуби главните играчи оваа зима. Со доаѓањето на Коловска сега Чаир ќе има зголемена конкуренција на пивотменската позиција, а особено бидеќи станува збор за репрезентативно засилување. 

Освен Коловска во редовите на ЖРК Чаир се пофалија дека нов член тимот е аргентинската ракометарка Елизабет Ван Акере.