• Иван Димовски
Женскиот суперлигаш ЖРК Чаир се пофали со уште едно засилување за новата сезона.
Повратничка во редовите на чаирчанки е Теодора Дукоска која минатата сезона настапуваше за шампионот Ѓорче Петров. Ракометарката која настапува на десната крилна позиција беше дел од ЖРК Чаир во сезоната 2021/22, а сега пак ја задолжи клупската опрема.
ЖРК Чаир прави тим за напад на титулата. Досега во клубот пристигна турската ракометарка Севде Озкан, а потпишаа и Марија Галевска, Бојана Диневска и Ивана Џатевска.