ЖРК Чаир не се шегува, донесе големо засилување од Турција

Екипата на ЖРК Чаир продолжува да изненадува на трансфер пазарот и своите редови ги засили со една од најдобрите ракометарки на Турција.

Македонскиот суперлигаш доведе големо засилување за следната сезона, договарајќи го потписот на Севде Озкан, ракометарка која што одлично може да одговори на две позиции – десен бек и десно крило. Таа потекнува од школата на Бурса, а во Чаир доаѓа од редовите на Анкара, каде што го настапуваше оваа сезона.

Претходно, со ЖРК Чаир потпиша и Марија Галевска, среден бек кој последната сезона ја одигра во екипата на Овче Поле Славјански Универзитет.