ЖРК Чаир како носител чека осминафинален ривал во ЕХФ Купот

Женскиот ракометен клуб Чаир ја мина и втората рунда во Европскиот куп на ЕХФ, па ќе настапи првпат историски во осминафиналето на ова натпреварување. Минатата година запреа на второто скалило, но сега успеаја да го подобрат својот успех. 

Во извлекувањето за фазата на шеснаесет најдобри екипи Чаир ќе има повластена улога, односно се наоѓа во првиот шешир меѓу осумте носители. 

Прв шешир:

Малага (Шпанија)
Јувента Михаловце (Словачка)
Ацгерсдорф (Австрија)
Мадеира (Португалија)
Ваљадолид (Шпанија)
Чаир (Македонија)
Унирек (Холандија)
Галичанка (Украина)

Втор шешир:

Кинжварт (Чешка)
Славија Прага (Чешка)
Хаукар (Исланд)
Валур (Исланд)
Јонијас (Грција)
ПАОК Солун (Грција)
Гњиезно (Полска)
Порињо (Шпанија)

Извлекувањето за осминафиналето во ЕХФ Лупот кај дамите ќе се одржи во вторник во 11:00 часот.