• Саше Љолес

Управата на ЖРК Чаир го потврди доаѓањето на Ема Кирова, која ќе биде солидно засилување на голманската позиција.
Кирова е кадетска и младинска репрезентативка на Македонија, која имаше одлични партии на Европското младинско првенство во Романија. Добрите настапи беа наградени и со повик за сениорската репрезентација и беше во тимот за квалификациските мечеви против Литванија и Азербејџан.
Чаирчани најавуваат уште неколку засилувања, а веќе ги продолжија и договорите со голем дел од ракометарките кои настапуваа во изминатата сезона.