ЖРК Чаир ја посети повредената голманка Магдалена Којовиќ

Голманката на ЖРК Чаир, Магдалена Којовиќ, успешно ја заврши операцијата и започнува со процесот на опоравување по повредата која ќе ја оддалечи од ракометните терени.

Денес, ракометарките и стручниот штаб на ЖРК Чаир ја посетија Којовиќ, пренесувајќи и искрени желби за брзо закрепнување и враќање меѓу стативите. Атмосферата за време на посетата била исполнета со емоции, позитивна енергија и пораки на охрабрување.

Присутните потенцираа дека Магдалена е пример за посветеност и инспирација за целата екипа. Иако моментално ја очекува период на рехабилитација, блиските до клубот уверуваат дека нејзиниот карактер и силниот дух ќе и помогнат да се врати уште посилна.