ЖРК Чаир донесе српска голманка и нов десен бек

Екипата на ЖРК Чаир промовира две нови имиња во екипата и се засили со една македонска и една српска ракометарка.

Нови членови на чаирчани се Јасмина Попова и Катарина Митровиќ. Попова е 20-годишна македонска ракометарка која настапуваше за ЖРК Скопје, ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Вардар и настапува на десната бековска позиција. Катарина Митровиќ, пак, е српска голманка која е и повремена репрезентативка, исто така има 20 години и последната полусезона ја мина во редовите на ЖРК Куманово.

ЖРК Чаир во плеј-офот досега има одиграно шест натпревари и има четири победи и два порази, исто колку и ЖРК Металург. Лидер е актуелниот првак ЖРК Ѓорче Петров со шест победи на шест меча.