ФОТО: Жоан Лапорта се фотографира со македонски фанови и знаме во Келн!

Викендов во „Ланксес Арената“ во Келн се одржа завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Тронот успеа да го одбрани екипата на Барселона, откако подобро шутираше пенали од Киелце

На овој натпревар, како и на останатите, трибините во Келн беа преполни, а таму се најдоа и неколку македонски фанови. Навивачите на Барселона по завршувањето на дуелот успеаја да добијат скапоцен спомен, бидејќи се фотографираа со претседателот на клубот Жоан Лапорта, како и со хрватскиот бек Лука Циндриќ. 

Покрај тоа, на фотографијата со Лапорта, Шпанецот го држи старото македонско знаме со сонцето на Кутлеш. Македонците успеаја да дојдат до фотографија со првиот човек на својот сакан клуб, како и со една од ѕвездите, Циндриќ, кој своевремено играше и за Металург и Вардар.