Животна партија на Томовски, победи и добри изданија и за Пешевски и Кузмановски

Фантастичен викенд за македонските репрезентативци во Бундеслигата. Голманот кој на крајот од сезоната ќе заигра за Вардар 1961, Мартин Томовски, го одведе Лудвигсхафен до победа на гостувањето против Ерланген (19-24). Со 17 интервенции поранешниот голман на Металург ја одиграа најдобрата партија во Германија и ги остави теоретските шанси на Лудвигсхафен за опстанок.

Филип Кузмановски со Хановер славеше на гостувањето против Лемго со 24-26, а битолчанецот постигна три гола. Кружниот напаѓач Жарко Пешевски со Штутгарт сензационално го победи Рајн Некар Левен со 32-28. Македонскиот пивотмен постигна пет погодоци со само едно промашување.

Кил забележа победа во Берлин против Фуксе Берлин со 26-28 и остана во трката за титула со водечкиот Флензбург