Жерар: За да бидеш светски шампион мора да ги надминеш потешкотиите

Ракометната репрезентација на Франција не успеа да ја детронизира Данска која третпат во низа го крена светскиот трофеј. Мундијалот, кој се одржа во Шведска и Полска, заврши со скандинавско славје, а по финалниот натпревар своја анализа направи голманот Винсен Жерар.

„Дојдовме на гол заостанување на полувремето, така да изгледаше како натпреварот да не се игра во првиот период. За мене пресвртница беа оние топки каде што не израмнивме или не поведовме на стартот од второто полувреме.

Секогаш кога ќе се вратевме Лауге Шмит и Питлик ја враќаа предноста. Но, за да бидеш светски шампион, треба да ги надминеш овие детали“, рече Жерар. 

„Експертите“ на Гијом Жил ќе мораат да побараат шанса за трофеј на некој од следните турнири, а секако се подготвуваат и за Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Париз.