Женското скопско ракометно дерби е превентивно одложено

Женското ракометно дерби меѓу ЖРК Чаир и ЖРК Вардар кое требаше да биде увертира за настапите на чаирчанки во Европа е одложено, а причина за тоа контакт со позитивни на ковид-19.

Ракометарките на Чаир играа пријателски натпревар со ЖРК Деспина, а во клубот се појавија позитивни на коронавирус. Поради превентива, одложен е дуелот од Суперлигата.

И во ЖРК Чаир и во Вардар сите ракометарки се добри и нема позитивни. РФМ ќе треба да најде нов термин за оваа средба која беше предвидена да се игра вчера од 20:30 часот.

ЖРК Чаир в сабота ќе го има своето европско деби против српската екипа Наиса од Ниш. Натпреварот е предвиден да се игреа од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.