Женскиот ракомет е далеку од „кремот“, Македонија во друштво на Португалија, Словачка...

Македонскиот женски ракомет во изминатите години е далеку од својата претходна позиција и сениорската репрезентација нема пласмани на големите натпреварувања, како што беше тоа во минатото.

Ако некогаш женскиот ракомет беше пред машкиот, сега ситуацијата е далеку обратна. На најновата листа на ЕХФ, женската репрезентација на Македонија е далеку од европскиот „крем“ и е во друштво на селекции кои некогаш ги победувавме со леснотија.

Македонија се наоѓа на делба на 19. место и е во друштво на Словачка, Португалија, Швајцарија... Зад нас се Турција, Италија, Фарски Острови и Косово. Веднаш до позицирањето на Македонија, стои и образложението на ЕХФ, кое вели „Ако женските ЕП се играа со 24 репрезентации, тогаш оваа селекција би можела да игра на едно големо натпреварување, но во моментов шансите се лимитирани, па дури и минимални“. 

Лидер на женската ракометна листа на ЕХФ е Холандија, а по неа следат Норвешка, Шведска, Романија, Русија, Црна Гора, Данска, Шпанија, Чешка и Унгарија.

Последното учество на Македонија на големите натпреварувања беше во 2012 година, кога нашите девојки настапија на Европското првенство кое се одржа во Србија и завршија на 16 позиција