Женската Суперлига ќе брои 14 клуба и ќе има нов систем

На последната средба на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврдено е дека женската ракометна Суперлига од новата сезона ќе има промена на системот.

Новата женска елитна лига ќе се игра со 14 екипи, а во неа ќе има 26 кола, без плеј-оф и плеј-аут рундата. Предвидено е женскиот ракометен шампионат да стартува на 16 септември, а првиот дел ќе трае до 23 декември.

Потоа ќе следи пауза, а вториот дел во суперлигашкото друштво ќе стартува на 17 февруари. Сезоната е предвидено да заврши на крајот на мај. Ждрепката за новата сезона во женската Суперлига ќе биде следната седмица.

Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се игра на 18 мај 2024 година.