• Редакција Gol.mk
В четврток од 19:00 часот ќе биде познат изгледот на групите за Европското првенство во ракомет во машка конкуренција, чии организатори ќе бидат Шведска, Данска и Норвешка. Македонија ќе ја дочека ждрепката од третиот шешир и постојат комбинации и за поволен и неповолен исход на ждрепката.
Најповолна група:
Македонија
Унгарија
Фарски Острови
Украина
Најнеповолна група:
Македонија
Данска
Хрватска
Србија
Балканска група:
Македонија
Хрватска
Словенија
Србија
Данска е веќе во групата Б, Норвешка е во групата Ц, Шведска е во групата Е, додека Исланд се наоѓа во групата Ф. Европското првенство ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари во четири града. Главните фази се во Хернинг и Малме, додека завршницата е во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, Данска.