Ждрепка за групите во Купот: Алкалоид налета на Мулти Есенс, најтешка задача за Вардар

Ракометната федерација на Македонија во своите простории ја одржа ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија. По комплетирањето на елиминационата фаза, натпреварувањето продолжува со четирите групи во кои се вклучуваат и четирите носители на ждрепката. 

Бранителот на трофејот Алкалоид имаше среќа да налета на второлигаш и тоа својот втор тим Мулти Есенс. Вардар од фаворитите доби најтешка задача бидејќи ќе игра полуфинале со Бутел, пелистерци ќе се судрат со Куманово, а Охрид оди на мегдан со Прилеп.

Четвртфинални групи од Купот на Македонија:
Група 1

Алкалоид Ракомет - Мулти Есенс
Партизан 2016 - Пролет 62

Група 2
Еурофарм Пелистер - Куманово
Радовиш - Струга

Група 3
Вардар 1961 - Бутел Скопје
Фруит Ленд Борец - Еурофарм Пелистер 2

Група 4
Прилеп - ГРК Охрид
Тиквеш - Аеродром 

Во групната фаза ќе се одиграат две полуфиналиња, а потоа преку финалето ќе се одреди патникот на завршниот турнир. Натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија ќе се одиграат на 26 и 27 април.