Ждрепка Куп-жени: ЖРК Куманово налета на бранителот на тронот

Купот на Македонија дојде до својата завршна фаза. Кај дамите за трофејот ќе се борат ЖРК Вардар, ЖРК Металург, ЖРК Куманово и ЖРК Ѓорче Петров, најдобрите четири тима во мак-ракометот. 

Ракометната федерација на Македонија ја одржа ждрепката и ги одреди полуфиналните парови. Среќата посака Куманово да го предизвика бранителот на титулата Металург, додека ќе се игра и скопско дерби.

  • Полуфинални парови во Купот кај дамите:

ЖРК Вардар - ЖРК Ѓорче Петров

ЖРК Металург - ЖРК Куманово

Бранител на ланскиот трофеј ќе биде екипата на ЖРК Металург, па останатите три екипи треба да ги предизвикаат за признанието. Полуфиналните натпревари кај дамите се играат на 12 мај (петок), а финалето ден подоцна.