Жарко Пешевски во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски се најде во тимот на колото во ракометната Лига на шампиони. 

Асот на Еурофарм Пелистер беше лидер на теренот во победата над ПИК Сегед (25-24). Кружниот напаѓач постигна седум погодоци и беше играч на натпреварот во Битола. 

Европската ракометна федерација го смести Пешевски и во идеалниот тим на рундата на својата позиција. Освен него во тимот се најдоа по еден ракометар од Нант, Веспрем, Спортинг и Барселона, а дури тројца од Фуксе Берлин.

  • Идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите:

Голман: Начо Биоска (Нант)
Лево крило: Бјарки Мар Елисон (Веспрем)
Лев бек: Мартим Коста (Спортинг)
Среден бек: Тобиас Грондал (Фуксе Берлин)
Десен бек и МВП (Матиас Гидсел)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барса)
Кружен напаѓач: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
Дефанзивец: Макс Дарј (Фуксе Берлин)

Пелистерци ја впишаа втората сезонска победа, а имаат и едно реми во борбата за плеј-оф во европската елита.